Државата должи 7 милиони денари на ЈП „Охридски Комуналец“.
Меѓу должниците како што неодамна информираше првиот човек на Комуналец, Боро Павлоски, се Аеродромот, болниците и други институции. Исто така беше посочено и Министерството за животна средина кое на „Комуналец“ му должело 400.000 денари за извршени работи.
Доколку државата ги подмири долговите кон „Комуналец“, јавното претпријатие повеќе нема да има никаков долг, рече Павлоски. Тој информираше дека било побарано да се изврши компензација за долгот што „Комуналец“ го има кон УЈП но наместо одговор уследило блокирање на жиро сметката на јавното претпријатие од три недели во февруари. Тоа според Павлоски предизвикало одредени потешкотии во работењето на „Комуналец“ пред се во редовноста на исплатата на плати на вработените , но јавното претпријатие редовно ги вршело услугите кон граѓаните. Павлоски најави дека состојбата деновиве ќе се стабилизира, а вработените ќе почнат редовно да ги добиваат своите плати.
ohridnews