Државата ќе плаќа по 10 евра од сметките за струја на семејствата кои земаат социјална помош. Оваa новина е дел до проектот Енергетска сиромаштија, кој  според најавите ќе треба да се реализира од септември, годинава.

Проектот ќе опфати околу 58 илјади социјални семејства на ниво на цела Македонија, а има за цел да ја олесни тешката материјалната состојба во која истите се наоѓаат.


Иако при првичните најави за овој проект, беше потенцирано дека ќе се одобруваат по 1000 денари за секое семејство, оваа сума се намали за околу  400 денари. Надлежните објаснуваат дека намалувањето било направено со цел да се овозможат услови, овој проект да се прошири, како помош за плаќање и на другите сметки и давачки, на социјалците.

OhridNews