Сите странски тур-оператори што ќе донесат свои туристи во Македонија идната сезона, ќе добијат финансиски надомест, најави министерот за економија Фатмир Бесими.

Бесими посочи дека тарифникот за субвенционирање на тур-операторите што ќе донесат странски гости веќе е изготвен, а ќе почне да важи од 2010 година. Средствата за субвенционирање на странските туристи ќе бидат обезбедени од Буџетот на РМ, информираше Бесими.