По зачестеното „отвори – затвори“ на спортските обложувалници се поставува прашањето – Ќе се стави ли ред во хаосот наречен спортско обложување? Државата со новиот закон за спортските обложувалници предвидуваа следново : Здружение на граѓани или спортски клубови нема да можат да се занимаваат со спортско обложување. За извршување на таа дејност треба да се регистрираат трговски друштва за таа намена.
Лиценците ќе се издаваат на три години и ќе изнесуваат 120 илјади евра. Покрај лиценците трговските друштва кои се занимаваат со спортско обложување ќе треба да остават хипотека која може да биде и во недвижности од 2.5 милиони евра.
За секој уплатен тикет треба да се издава фискална сметка. Данокот на игра за среќа ќе се плаќа 5 % на бруто прометот, додека персоналниот данок на добивка останува по старо, односно 12% на секоја добивка над просечната плата на Република Македонија која во моментов изнесува околу 13 илјади денари .
Сите вработени во спортските обложувалници ќе мора да бидат пензиски и здравствено осигурани.
И овој закон како и останатите е добар на хартија, колку ќе се примени во пракса останува да видиме.
Мирко Постолоски