Предлог – Акциониот план за спроведување на Програмата за децентрализација за периодот 2008-2010 година, е усвоен  соопшти Министерството за локална самоуправа.

Предложениот Акционен план содржи вкупно 86 мерки, активности, рокови и надлежни институции, одговорни за спроведување на предвидените мерки. Станува збор за пренесувањето на општините на правото на менаџирање со градежното и со земјоделското земјиште, мерка предвидена да се имплементира од почетокот на 2010 година, како и за затворање на преостанатите долгови пренесени на општините од страна на некои министерства.

Сепак како што објаснуваат од  Министерството за финансии, во овој момент не може да се нотира предвидената мерка во однос на градежното и земјоделското земјиште, зашто во постојните закони ова прашање е единствено во надлежност на централната власт.

Токму нерасполагањето на општините со градежно земјиште и сопствен имот се смета за најголем проблем на кој укажува и Европската унија. Без трансфреот на тие надлежности општините не ќе можат успешно да го спроведат процесот на децентрализација, смета унијата.

Г.Момироски