Туроператорите кои ќе носат странски туристи во Македонија ќе се субвенционираат со 150 илјади евра. Вака одлучи Владата за да го поттикне туризмот. Реализацијата на средствата ќе почне по изборите.

Во  министерството за економија сметаат дека тренд во меѓународни рамки е алтернативниот туризам, а Македонија има предност заради природните и културните вредности со кои располага.

Од туристичката комора не се задоволни од промоцијата на Македонија на меѓународните саеми. Оттаму велат дека не опкружуваат земји со многу подобар туристички производ, па затоа ќе биде неопходно да се подобри понудата и во однос на квалитет и во однос на цена.

Според статистичките податоци, лани во однос на 2007, бројот на туристи се зголемил за 12 насто.

Ohridnews