Министерството за животна средина и просторно планирање упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палење на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.

Оваа традиција најмногу е застапена во Скопје, а градот и општините одлучија оваа година да не донираат дрва за бадниковите огнови. Министерството за животна средина апелира до другите општини во дражавата да се приклучат кон оваа иницијатива.

OhridNews