Исечени голем број дрвја на стариот пат Охрид – Струга во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Редакцијата на OhridNews побара одговор од Општина Дебрца од каде не информираа дека oд страна на ТАВ Македонија кој управува со Аеродромот била побарана согласност од општината за отстранување на дрворедот бидејќи го попречувал безбедното слетување на авионите.

 

Бидејќи дрворедот е покрај пат во надлежност на државата, од наша страна беа препратени согласност да побараат од ЈП за државни патишта. Општина Дебрца нема надлежност за тој дрворед кој е покрај државен пат велат во одговорот.

OhridNews