ПС Струга поднесе кривична пријава против Ф.М.(43), Р.Ј.(51) и А.Н.(31), сите од с.Корошишта за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 09.06.2009 година, на м.в. „Локов“ атар на с.Корошишта-струшко, додека К.Б., Д.К. и А.П., сите вработени во шумска полиција-Струга вршеле службени дејствија, ги затекнале пријавените како нелегално вршат сеча на дрва, а при извршен преглед се пронајдени два трактори со 4 метри кубни исечени дрва. При преземање мерки шумските полицајци биле физички нападнати од страна на пријавените и удирани со ловна пушка и секира по телата, при што К.Б. бил телесно повреден во пределот на слабината, а Д.К. во пределот на главата, соопшти, МВР.

Ohridnews