Дрвокрадци од селото Корошишта – струшко нападнале  тројца вработени во Шумско стопанство – Струга за време на службена должност. Инцидентот се случил во вторникот при контрола на вработените во шумското стопанство во атарот на Корошишта каде биле затекнати тројца жители на селото како нелегално сечат дрва. При преземање мерки против нив, службениците К.Б., Д.К И А.П. биле физички нападнати од Ф.М., Р.Ј. И А.Н. и удирани со ловна пушка и секира по телата. При тоа К.Б. се здобил со повреди во пределот на слабината, а Д.К. во пределот на главата.

Полицијата најави дека по документирањето на случајот против напаѓачите ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Ohridnews