Дрво падна врз паркирани автомобили пред Основниот суд Охрид на булеварот „Македонски Просветители“. Во инцидентот нема повредени но причинета е голема материјална штета.
Како што може да се забележи од фотографиите дрвото е откинато од коренот. Неодамна јавното комунално претпријатие го уредуваше дрворедот на булеварот „Македонски Просветители“, но очигледно дел од дрвата, кои се стари и тешки, имаат оштетени корења или се трули, што веројатно било причина за паѓањето на дрвото пред охридскиот суд.
OhridNews