Екипи ангажирани од општината денеска започнаа со сеча на дрвјата в долж пешачката патека за Горица. Дрвјата од кои некои се стари и по неколку децении по сечењето се товареа и се дислоцираа од местото, каде според непотврдени ионформации ќе никнат нови урбани содржини и инфраструктурни објекти. Голем број граѓани на Охрид денеска се обратија до нашата редакција со реакција на сечењето на дрвјата, со што според нив продолжува уништувањето на Студенчишкото блато кое е природен филтер на Охридското Езеро. Засега нема официјално образложение од надлежните институции за преземените активности.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com