Под мотото „Еднакви можности за подобра иднина“ Здружението на Египќаните во Р.Македонија ги одбележува Деновите на Египќаните.

По тој повод денеска  во Струга ќе се одржи ревијален турнир во мал фудбал каде учество ќе земат екипи на Египќаните од Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Белград.

Ревијалниот турнир ќе се одржи  на  ракометното игралиште во Струга, а доделувањето на наградите и пофалниците ќе биде во х.Плажа. Овај турнир е традиционален и ова е втор пат што се организира по повод Деновите на Египќаните.

Ohridnews