Дали знаевте дека карактерот може да се препознае и по одењето? Истражувањето на американските научници покажало дека мажите кои одат побрзо имаат и повеќе самодоверба, полесно носат одлуки и не сакаат да планираат, туку сакаат работите да им се одвиваат спонтано. Експертите велат дека тие кои живеат во побавен ритам се подобри организатори, потолерантни и подружељубиви.
Оваа студија покажала и дека претставниците на посилниот пол воглавно го забавуват чекорот кога се покрај партнерката, додека во друштво на жени за кои не ги врзуваат некои посебни емоции одат побрзо од вообичаеното, бидејќи прошетката ја доживуваат како натпревар, исто како да се со колегите и пријателите. Научниците тврдат дека жените го забавуваат чекорот кога ќе се најдат во друштво на пријателките, додека со партнерот секогаш брзаат и се обидуваат да докажат дека секогаш можат да го следат во чекор. Експертите истакнуваат дека луѓето ова го прават несвесно, но и дека брзината на одењето, сепак, може многу да открие и за жените и за мажите.