Две сребра освоија охридските велосипедисти на традиционалниот натпревар во друмеки велосипедизам, што по повод празникот 11 Октомври се одржа низ улиците во Куманово. Трофеј „11 Октомври“ го организираа Велосипедската федерација на Македонија, ВК „Вело – М“., под покровителство на Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и Сојузот на Спортови. 

На натпреварот учество зедоа тројца натпреварувачи од охридскиот клуб Екодром. Јован Јованоски и Петар Упевчески настапија во јуниорска, а Новица Велјаноски во кадетска конкуренција.

Кај јуниорите домашниот велосипедист од Вело-М Никола Ѓукиќ, извози соло трка од самиот старт, наметнувајќи силно темпо, а втор на целта пристигна Јован Јованоски од Екодром Охрид. Петар Упевчески во борба со Димитар Велков од Енерџи – Скопје во силен финиш не успеа за влакно да се закити со бронза. Интересна борба имаше и кај кадетите, каде во фото финиш прв во целта влезе Кристијан Николов од МВК – Велес, а втор охриѓанецот Новица Велјноски кој за неколку стотинки беше побрз од домашниот натпреварувач од Вело-М, Денис Колески.

Следниот предизвик охридските велосипедисти го имаат веќе во недела, кога ќе се се одржи трката во планински велосипедизам на добро познатата патека во паркот Гази Баба – Скопје, што ја организира ВК Енерџи. 

OhridNews