Друидизмот, келтско верување во духовите на природата, бил признат во Велика Британија како религија. Со тоа нивното здружение ќе може да користи бројни финансиски поволности. Со тоа Друидизмот по долга и макотрпна борба која траела повеќе од пет години станал рамноправна религија.
Станува збор за првото паганско верување во Велика Британија кое е признато како вера. Друидизмот ја проучува рамнотежата помеѓу луѓето и природата. Друидите, свештеници ги почитуваат боговите на молњата, сонцето и земјата, како и духовите на планините и реките. Настанал во Ирска и Велика Британија, а подоцна се проширил и во Франција и Холандија. Денес има неколку милиони верници.