Другарот на убиениот српски турист, Горан Периќ кој деновиве беше изведен на второ соочување со обвинетите за тепачката што заврши со смртни последици, отпатувал за Белград.

Според најавите, истражната постапка ќе продолжи со распит на нови сведоци кои не се од Охрид, а стручни лица ќе ги  прегледуваат снимките од камерите од објектите кои се наоѓаат во близина на местото каде се случи трагичниот настан.

Во Белград денеска ќе биде погребано телото на 34-годишниот Дејан Новаковиќ кој беше убиен во тепачката што во петокот се случи во центарот на Охрид.

OhridNews