Девојчето кое се вивна во светот на ѕвездите со улогата во култниот филм „ЕТ вонземјанин“, не само што порасна, туку и стана мајка, и тоа по втор пат. Актерката се породила во вторникот, а на свет донела девојче кое ќе се вика Френки.
Дру и нејзиниот сопруг Вил веќе имаат една ќерка, Олив, која е стара 18 месеци. Актерката својата прва бременост ја криела од јавноста, а дури во декември минатата година објавила дека повоторно е во блажена состојба.