Холивудската актерка Дру Баримор е на чекор од развод од сопругот Вил Копелман со кој има две деца. Извор близок до парот за американските таблоиди вели дека веќе извесно време имаат проблеми. Се обиделе и да живеат разделени, но и тоа не им успеало. Сега одлучиле дека најдобро ќе биде да се разведат.
Дру и Вил се венчаа после само една година забавување додека убавата актерка беше бремена со нивната прва ќерка. Истиот извор вели дека тоа било нестабилно време за нив, но сакале да го пребродат бидејќи го очекувале првото заедничко дете. Додава дека следи тешка борба за распределба на имотот бидејќи убавата актерка е тешка 140 милиони долари. Пред бракот со Копелман, Дру беше во брак со Џереми Томас и со Том Грин.