Холивудската актерка Дру Баримор лансира нова линија козметика со достапни цени под името “Flower”, која ќе се продава во ‘Volmart’ продавниците од крајот на јануари. Баримор, која минала пет години работејќи како директор на компанијата ‘Cover Girl”, рекла дека ланисрала нова линија козметика со големи идеи и реалистични очекувања.
Колекцијата содржела 181 производ вклучувајќи препарати за лице, очи, усни и нокти, а цените ќе се движат од 5 до 14 долари. Таа рекла дека сака производите да се достапни за сите, а притоа да се прават според формулите на најскапите козметички препарати и да се дистрибуираат во луксузни пакувања.