Дру Баримор си купила нова куќа за седум милиони долари. Куќата првобитно чинела осум милиони долари, но снаодливата Дру ја спуштила цената и успеала да си заштеди еден милион долари. Вилата во медитерански стил во која актерката наскоро ќе се всели има поглед на океан, градини во римски стил, огромен базен и останати луксузни детали кои ги обожаваат холивудските звезди.
она што е посебно интересно е дека крајот во кој е сместена новата вила на Дру Баримор е преполн со славни личности. Неа соседи ќе и бидат Џон Клиз, Опра Винфри, Стив Мартин, Роб Лоу, Кирк Даглас и многу други.