Американската актерка Дру Баримор прв пат се појавила пред камери додека имала само седум месеци. Се прославила со филмот „Е.Т“, кој го снимила додека имала седум години. Неодамна на медиумите им открила дека имала малку шанси да порасне како нормално дете.


Сите нејзини пријатели биле возрасни луѓе. Имала проблеми менувајќи ги училиштата бидејќи сите ја знаеле од филмовите и често физички ја напаѓале. Во својата автобиографија, која ја објавила на 14 години, открила дека прв пат алкохол пробала на девет години, марихуана пушела од десет, а до дванаесеттата година пробала и кокаин. По одвикнувањето во клиника се обидела да се самоубие, а на 15 години законски се еманципирала од родителите.