Американската актерка Дру Баримор започнала романса со уметничкиот консултант Вил Копелман и така дефинитивно потврдила дека го преболела колегата Џастин Лонг. Дру и Вил се гледаат веќе три седмици, а неодамна заедно го прославиле и нејзиниот роденден на една забава во Лос Анџелес.


Меѓутоа, бидејќи Дру имала лоши искуства со љубовниот живот во минатото, нејзината романса со Вил се развива полека, бидејќи актерката сакала своето ново момче да го запознае што подобро пред со него да излезе во јавност. Инаку, Дру неколку години била во врска со колегата Џастин Лонг со кој планирала и свадба, но парот изненадно раскинал.