Актерката Дру Баримор неодамна се верила за Вил Копелман, кој работел со уметнички дела, и пролетва најавува свадба. Парот е во врска помалку од една година, а на интернет поставил официјална вереничка фотографија. Изминативе денови Дру била во болница и добила потврда дека е бремена.
Папараците ја фотографирале додека излегувала од болница. Во раката држела парче хартија на кое се гледала снимка од ултра звук, па се нагаѓа дека лекарот и ја дал првата фотографија од бебето. Дру претходно често изјавувала дека би се радувала доколку стане мајка.