Актерката Дру Баримор неодамна добила предупредување од полицијата поради прегласната музика која ја пуштала на забава по повод Ноќта на вештерките. Ѕвездата на многу холивудски филмски хитови влегла во кавга со соседите поради прегласната музика.
Станарите на блиските куќи се жалеле дека Дру и нејзините пријатели биле премногу бучни, а на крајот повикале и полиција. Полицаецот се појавил на вратата на актерката по полноќ и ја замолил да ја намали музиката, а таа тоа го сторила без никаков проблем.