Актерката Дру Баримор пред неколку дена се омажила за трговецот со уметнички дела Вил Копелман, а фотографиите од венчавката биле објавени во списанието „Пипл“. Актерката и нејзиниот сопруг направиле мала забава само за најблиските во Монтесито, Калифорнија.

На фотографиите се гледало како Дру е во поодмината бременост, но и дека блескала во венчаница на „Шанел“. Таа за списанието изјавила дека денот бил совршен и додала дека сите кои ги сакале и кои им биле блиски присуствувале на венчавката. Додала дека било забавно и значајно, токму како што од секогаш сонувале.