ГРК Охрид во 3 коло од Супер лигата, претстојниот викенд му гостува на МРК Куманово. Екипата работи напорно за да и се врати на победите.
После тешкиот пораз од Алкалоид не очекува гостување во Куманово. Мораме да работиме максимално и да се вратиме на победите. Никого не потценуваме, одиме да одиграме добар натпревар за продолжување на нашите амбиции и цели, вели бекот на ГРК Охрид, Стефан Дрогришки.
Натпреварот се игра во сабота, 23 септември, во салата „Перо Наков“ со почеток во 13 часот.
OhridNews