Езерско дерби во сабота заедно со верните „Рибари“ во салата „Билјанини извори“. Ракометарот на ГРК Охрид Стефан Дрогришки вели натпреварот е од особено значење во борбата за излез во Европа.

Максимaлно се подготвуваме за овој натпревар, никако не смееме да ја потцениме екипата на Струга. Се надевам дека со добра и пожртвувана игра од наша страна дека ќе може да славиме победа заедно со охриѓани и НГ „Рибари“, додава Дрогришки.

Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот.

OhridNews