Битолски Пелистер на почетокот од новата сезона во Супер лигата не ги исполни резултатските очекувања. Во четирите натпревари „зелено белите“ претрпеа три порази, а гостувањето во Охрид може да биде правец за нивниот понатамошен развој во елитата.
– Не чека тежок и неизвесен натпревар, на кој сме максимално фокусирани и за кој се подготвуваме. Потребна ни е било каква победа, за да излеземе од резултатската криза во која се наоѓаме. Охрид е квалитетна екипа, која се засили пред почетокот на сезоната и ќе имаме многу тешка задача во нашата желба да ги освоиме трите бода. Сметам дека натпреварот ќе го решаваат ситници.- рече за Спорт клуб Дрогришки.
Пелистер минатата сезона не успеа да избори место во плејофот после поразот од Охрид во „Билјанини Извори“.
Ohridnews