Мистериите со круговите по полињата со афион на Австралискиот остров Тасманија, за кои се веруваше дека ги направиле вонземјани конечно е решена. Откриено е дека кенгурите влегувале во полињата со афион, јаделе зрели семенки, а потоа потполно издрогирани се вртеле во кругови.


Еден од производителите на афион во Тасманија рекол дека имало случаи на овци и елени кои се шлогирале откако ќе се најаделе од афионот. Австралија произведува 50 % од суровиот мак од кој подоцна се произведува морфиум и други опијати.