Еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот, Дидиер Дрогба официјално ја заврши својата богата фудбалска кариера. Легендата на Челси и Брегот на Слоновата Коска збогум на фудбалот му кажа на точно 40 години.
Дрогба последните 18 месеци ги помина во тимот на Феникс од САД, а ѕвезените моменти ги имаше во двата престои во екипата на Челси. Напаѓачот во дресот на „сините“ постигна 164 погодоци во 381 натпревар, а на клубот му помогна во освојувањето на четирите титули во Премиер лигата и трофејот во Лигата на Шампиони.
Сиот свој квалитет Дрогба го покажа во финалето во ЛШ 2012 година против Баерн на „Алијанц Арената“. Дрогба во судиското продолжение погоди за егал, а во пенал серијата го реализираше ударот од белата точка вреден победаи и трофеј. „Баварците“ токму тој меч го искористија да му се заблагодараат на еден од најдобрите голгетери кој фудбалот ги имал.
40-годишниот фудбалер професионалната кариера ја започна во Ле Ман,, потоа се пресели во Олимпик Марсеј. Од Франција, Дрогба се пресели во Челси и се задржа осум сезони. Една сезона се испроба во Кина, а во Европа се врати во тимот на Галатасарај. По Турција, Дрогба се врати назад во Челси и одигра една сезона. „Летање од клуб во клуб“ не престана и Дрогба играше за Монтреал, а кариерата ја заврши во Феникс.
OhridNews