Синоќаво 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени биде две лица од Струга и Прилеп на возраст од 25 и 30 години.

При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Исто така вчера, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен бил 21-годишен стружанец.

При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, соопшти портпаролот Димоски.

На истата улица приведено било уште едно лице од Струга на возраст од 20 години кај кое полициски службеници  пронашле и одзеле четири паковки со марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, дополни Димоски.

Во полицискиот билтен уште е евидентиран пожар на нива со жито во Велгошти во кој нема повредени, како и приведување на лице од Тирана, Албанија, против коe била распишана меѓународна потерница.

Г.М.