Речиси да нема ден, а во билтенот на СВР Охрид да нема информации поврзани со физичко насилство и нелегално поседување дрога и прекурсори. Исклучок не е ниту овој викенд.
Како што информира СВР Охрид, ноќеска во 02.30 часот, во ноќен клуб во Охрид, приведен е 34-годишен битолчанец кај кого, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, пронашле и одзеле кокаин.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.
Полицијата уште соопшти дека се приведени три лица од Охрид поради физички напад што се случил на 11 ноемви во казино во Охрид.
По консултација со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.