Фудбалерите на Дрита му го нанесоа вториот пораз на Охрид во контролните натпревари/ во подготвителниот период, победувајќи со 2-1 (2-0), во мечот кој се одигра попладнево на СРЦ „Билјанини Извори“.
Првиот дел беше исполнат со убава фудбалска игра и многу шанси на двете страни. Гостинот од Боговиње беше поконкретен и подобар во завршницата од акциите, обезбедувајќи предност од 2-0. Стрелци на головите беа Ваљон Зехири и Илбер Лума. За Охрид добри прилики имаа Александар Целески кој не ја зафати најдобро топката и Љупче Трпески кој ја погоди гредата од слободен удар.
„Рибарите“ во вториот дел ја презедоа иницијатива и почнаа да го притискаат противникот на сопствената половина. Иницијативата вроди со плод и Шериф Реџепи со одмерен удар ја погоди мрежата и го намали резултатот.
До крајот на натпреварот Дрита не потклекна пред притисокот на Охрид и славеше со 2-1.
За Охрид ова е втор пораз во подготвителните мечеви. Претходно, охриѓани изгубија од Пелистер со 2-0.
Мх.П.