Дримскиот проект в четврток пред меѓународните донатори
10.11.09 14:28
Секретарот на Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро , Дејан Пановски , на 12 ноември во Женева, пред преставници на меѓународни организации и донатори ќе ја презентира потребата и видувањата за почеток на имплементација на проектот за управување со басенот на Реката Дрим и потребата за брзо отпочнување на првата фаза на проектот наречена Дрим Дијалог.
– Ќе бидат презентирани искуствата , нивоата на комуникација , вредностите на сливот и заедничката визија на сите земји во сливот на реката Дрим. Тоа треба да биде силен политички процес со многу предизвикувачки теми за менаџирање од аспект на екологијата, економијата, енергетиката. Треба да ги вклучи и сите граѓани во тој процес и да иницира директни активности на терен. Се бориме континуирано за овој дијалог и проект и сакам да верувам дека за скоро време ќе може да се објави стартот на првата фаза наречена Дримски Дијалог, изјави Паноски
Инаку Дримскиот проект е проект кој треба да вклучи пет земји во регионот(Македонија, Грција, Албанија, Косово и Црна Гора) и треба да биде искористен за управување на речниот басенво кој се наоѓаат неколку хидроелектрани вештачки езера, земјоделско земјиште и други интереси. Првата фаза треба да опфати воспоставувањедијалог меѓу петте земји, дијалог меѓу структурите на трите езера (Преспа, Охрид, Скадар) и воспоставување на заедничка визија и декларација за Дрим. Подоцна се планирани подготовка на студија, брза анализа на состојбата и конкретни мерки во сливот. Почетокот на Проектот е обременет со економската ситуација но ентузијазмот кај сите страни е евидентен.
Aпарат за коронарен стрес тест предаден во ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид Оваа напредна медицинска опрема, како што инфо...
Поради безбедносни причини саниран фасадниот ѕид до главниот влез на објектот „Развигорче“ Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека при увид во објектот забележано е дека фасадниот ѕид има оштету...
На 17032025 во 1510 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, охриѓанец со неговото моторно возило „форд фиеста“ со охридски регистарски ознаки, го попречил движењето на друго возило, кое го управ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.