Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски на пресконференцијата ја потврди информација дека се финализираат преговорите со “дрим тимот“ на САД за пријателска средба, во пресврт подготвителниот период за летните Олимписки Игри.
На пресконфернцијата официјално беше преставен новиот селектор на кошаркарската репрезентација, Марјан Лазоски, кој ја презема функцијата од Марин Докузоски. Во екипата на Лазовски, останува помошникот Марјан Србиноски и кондициониот тренре Сандро Бенкардино.
На промоцијата, поранешниот тренер АМАК СП, се осврна на предквалификациите за Олимпијадата. “Црвено жолтите“ во групата ги добија Ангола и Нов Зеланд.
–
Станува збор за не посебно атрактивни, но доста квалитетни репрезентации. Верувам дека ќе одработиме навистина квалитетен подготвителен период, во кој ќе успееме да ја темпираме формата на нашите репрезентативци, за најдоброто да го прикажеме на турнирот во Каракас. Најважно е сите да се здрави и верувам во успешен настап“, продолжи новиот селектор – истакна Лазовски.
МКФ го објави распоредот на кошаркарите :
04.06.2012 – Почеток на подготовките во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
07.06. – 08.06.2012 – Лекарски прегледи во Скопје.
11.06. – 18.06.2012 – Пријателски натпревари во Литванија со домаќинот и Русија.
18.06. – 23.06.2012 – Подготовки и одигрување на турнир во Торонто, Канада.
26.06. – 29.06.2012 – Заминување за Порто Рико. Пријателски натпревари со Порто Рико.
30.06.2012 – Заминување за Каракас на два дена пред стартот на предолимпискиот турнир (според пропозициите на ФИБА).
02.06.2012 – Почеток на предолимпискиот турнир во Каракас.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com