Кошаркарскиот дрим тим на Соединетите американски држави (САД) се соочи со ново откажување во пресрет на Мундијалот, кој ќе се одигра во Кина од 31 август до 15 септември. Дел од репрезентацијата нема да биде првата виолина од Хјустон, Џејмс Харден.
Како што пренесуваат медиумите од САД, Харден го откажал настапот поради желбата што подобро да се подготви за следната сезона во НБА лигата. Кошаркарот на Хјустон е втора ѕвезда која се откажува од националниот дрес. Прв тоа го направи Ентони Дејвис.
Со американската кошаркарска селекција Харден има две одличја од големите турнири. Со него во репрезентацијата, САД триумфираше на Олимписките игри во Лондон 2012 година и на Мундијалот две години подоцна.
САД во групата на СП се наоѓа со Турција, Чешка и Јапонија.
OhridNews