Концесионерите  на долниот слив на реката Дрим и надлежните од ХЕЦ „Глобочица“ и клубот на спортски риболовци „Црн Дрим“ од Лабуништа, деновиве извршија порибување на долниот слив на реката Дрим и вештачкото езеро  Глобочица,
Со средства обезбедени од сопствени извори, од  мрестилиште во Кавадарци, биле обезбедени околу десет илјади парчиња риба-крап, со кои била порибена реката Црн Дрим.


Претседателот на КСР „Црн Дрим“, Беадин Демиралиески, изјави дека овој контингент ќе го зголеми рибниот фонд во наредните две години за околу 20 тони риба-крап. Во овој дел од сливот на Дрим и Глобочица има и други видови риба,  како што се јагула, клен, плашица, пастрмка и други рече Демиралиески.


На порибувањето присуствуваа заменик министерот за финансии Недим Рамизи и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. По повод порибувањето, лабунишките рибари приредија коктел.

ohridnews