Охриѓанецот Наум Велјаноски фудбалската пролет во Македонија ќе ја продолжи во тимот на Гостивар кој се натпреварува во Втората фудбалска лига.
Дефанзивецот есенската полусезона успешно ја мина во екипата на Младост Царев Двор која настапуваше во Првата лига.
„Зелено белите“ успешно стартуваа во елитата, но повредите и финансиските проблеми го закочија клубот кон понатамошно развивање.
Велјаноски не е едиствен фудбалер кој од Младост премина во Гостивар, таму „трансферираа“ голманот Илче Петровски и напаѓачот Ерсен Сали.
Гостивар во Втора лига се наоѓа на претпоследната позиција, но со големи амбиции за продолжението од старата и за почетокот од новата сезона.
OhridNews