Дресот во кој Леброн Џејмс со Мајами ја освои НБА титулата, совладувајќи го Сан Антонио со 95-88 во решавачкиот, седми, натпревар од финалната серија во 2013 година, е продаден на аукција во Њујорк за 3,68 милиони долари.

Дресот во кој Џејмс на тој натпревар постигна 37 поени, додавајќи 12 скокови и четири асистенции, стана трет најскап кој е продаден од аукциската куќа Сотби.

Повисока цена достигнаа само дресот на кошаркарот Мајкл Џордан од НБА финалето 1998 (10,91 милиони долари) и дресот во кој аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона ги постигна двата историски голови, од кои едниот со рака, против Англија во полуфиналето на Мундијалот 1986 во Мексико (9,28 милиони долари).

Џејмс досега во НБА лигата постигна 38.210 кошеви и се проценува дека во следните две недели ќе го надмине на вечната листа досегашниот рекордер Карим Абдул – Џабар, кој кариерата ја заврши со 38.387 поени.

OhridNews