Канадскиот рапер Дрејк во една интернет радио емисија го критикувал музичарот Крис Браун, а и признал дека бил во врска со неговата девојка Ријана. Дрејк рекол дека неговата несигурноста на Крис произлегува од фактот што правел подобра музика од него, како и дека во еден момент жената која ја сака била во неговите прегратки. Додал дека кон неа се однесувал со почит.
Тој рекол дека меѓу нив двајца постои проблем кој можеби ќе се реши. Музичарот рекол дека можеби за некои десет години ќе се смеат на овие глупости со пијалот, но сега треба тие глупости да се решат. Пред извесно време тие двајца се степале во еден ноќен клуб.