Раперот Дрејк конечно успеал да заврши средно училиште и тврди дека тоа е негов најголем успех во животот. Музичарот го прекинал школувањето на 15 години како би започнал актерска кариера. Неговата долгогодишна желба конечно се исполнила десет години откако го напуштил училиштето.
тој на Твитер се пофалил дека тоа било прекрасно чувство и дека конечно завршил средно училиште. Раперот кој продал повеќе од пет милиони албуми и соработувал со познати изведувачи како Ријана, го прекинал школувањето како би почнал да заработува пари и да и помага на болната мајка.