Актерот  Џеред Лето ја запрепастил јавноста со драстичната промена на имиџот за улогата во филмот ‘The Dallas Buyers Club’. Во филмот во кој ќе игра со Метју Мекконахи, глуми слаб трансексуалец, па поради тоа изгубил доста килограми, но и ги избричил веѓите и ги лакирал ноктите.
По се изгледа својот имиџ го сватил премногу сериозно, па на аеродромот во Лос Анџелс бил фотографиран со црвен лак за нокти. По се изгледа промената на изгледот му се допаднала. Колку добро се соживеал со улогата ќе можеме да видиме следната година кога ќе излезе филмот ‘The Dallas Buyers Club’.