Гвинеја Бисао, Боцвана, Бутан, Танзанија, Ел Салвадор, Гана, Мали, Суринам, Чиле итн. се само едни од земјите кои стојат подобро од Македонија во однос на третманот на медиумите.
Руанда и Сирија се на чело како најрепресевните држави спрема новинарите, додека како најдобро рангирани се Финска, Исланд и Холандија.
Интересно е тоа што и некои членки на Европската Унија не стојат баш најдобро со слободата на медиумите според оваа листа, како Грција и Бугарија кои го делат 70. место, потоа Романија која е на 52. место и Италија која е на 49. место по слободата на своите медиуми.
Србија на листата “Репортери без граници“ се наоѓа на 85. место, Косово на 92. место, Словенија на 46. место, БиХ (47), Хрватска (62), Албанија (60) и Црна Гора (104).
Во групата најрепресивни земји исто така се наоѓаат и Северна Кореја, Мјанмар (поранешна Бурма), Кина, Иран, Јемен, Судан, Туркменија и Еритреја.
Најдобро се рангирани шесте европски земји – Финска, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска и Швајцарија.
За прв пат од 2002. година, кога „Репортери без Граници“ започна да ја рангира слободата на медиумите во светот, меѓу најлошите 10 не се наоѓа Куба, поради тоа што летоска ослободи 14 новинари и 22 активисти, иако се оценува дека таму и понатаму е присутна секојдневна цензура и репресија од комунистичките власти.
извор:„Макфакс“