На 28- ми октомври, вторник, во Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ во Струга ќе гостуваат актерите од НУ Драмски театар од Скопје со претставата „ 2012- Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски.
Претставата е направена во соработка со етномузиколози и музичари и не носи во 2012 година кога, според календарот на Маите, треба да се случи крај на светот. Но тоа не се случува, освен што исчезнуваат Македонците. Останале само шестмина, кои потоа одат на турнеја низ светот и ја раскажуваат приказната на македонскиот народ.
Во претставата улогите ги толкуваат: Сања Арсовска, Билјана Беличанец – Алексиќ, Биљана Драгичевиќ – Пројковска , Трајанка Илиева – Таци, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Игор Ангелов.
Почеток на претставата е во 19.30 часот, влез 100 денари.
OhridNews