Екипите на Вардар и Брест Мешков ги поделија бодовите на стартот од регионалната СЕХА лига ремизирајќи 34-34 по голема драма во финишот.


„Црвено црните“ во последните минути од мечот влегоа со плус два (33-31), но гостите најдоа сили и со гол од пенал после истекот на регуларното време стигнаа до бод.

„Вардарци“ на три секунди од крајот на мечот со голот на Лука Циндриќ стигнаа до предност 34-33, но при изведувањето на почетниот удар Стојанче Стоилов го турна гостинскиот ракометар, тој беше санкциониран со црвен картон, а прекршот со седум метри.

Сигурен егзекутор на пеналот беше Растко Стојковиќ кој со шестиот погодок вкупно на мечот донесе значаен бод за Брест Мешков.

Најефикасен во составот на Вардар беше Тимур Дибиров со девет голови, а Циндриќ и Јоан Кањелас реализираа по пет голови.

OhridNews