Во драматичен финиш охридските ракометари прокнижија три бодови победувајќи го „фенерџијата“ на табелата во Супер лигата, Куманово. Со трите бодови охриѓани стигнаа до седмиот сезонава што ги зацврстува на средината од табелата.


Исто бодови седум колку охридските сини по пет одиграни натпревари има тимот на Овче Поле, кој во Охрид остана непоразен играјќи нерешено.

Во шестата рунда „гладијаторите“ одново ги очекува предизвик на домашен терен, а тоа е тимот на Текстилец од Штип.

Табела : Тинекс Пролет 15, Зомимак 12, Металург 10, Пелистер 9, Овче Поле 7, Охрид 7, Радовиш 6, Преспа 3, Текстилец 2, Куманово 0.

Мх.П.