Охридските „гладијаторите“ одново се одлепија на врвот од табелата во Супер лигата по комплетирањето на првата рунда од втората етапа во регуларниот дел од сезоната.
Охрид на домашен терен лесно и рутински се справи со Работнички кој од „Билјанини Извори“ замина со двоцифрен пораз (38-28).
Се што недостасуваше во мечот во Охрид имаше на другите мечеви ширум Македонија. Два од три мечеви се решаваа во последните мигови од натпреварот.
Јуниорите од Вардар со два голови во финишот изборија реми на домашен терен со екипата на Прилеп (30-30).
Пролет со голот од пенал на Ласко Андоновски остварија значаен триумф во Автокоманда против домаќинот Металург 2 (30-29).
Нешто помирен натпревар одиграа Борец и Радовиш, а бодовите им припаднаа на домаќините после триумфот 29-24.
Резултати: Металург 2 – Пролет 29-30, Борец – Радовиш 29-24, Вардар Јуниор – Прилеп 30-30, Охрид – Работнички 38-28, Еурофарм Работник – Пелистер 20-21.
Табела: Охрид 25, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 16, Пролет 16, Металург 2 14, Радовиш 13, Борец 11, Вардар Јуниор 5, Работнички 0.
OhridNews