Со успешната одбрана на Дарко Станиќ во последните мигови од мечот Металург го совлада Брест Мешков со минимални 21-20 и ја забележа втората победа во групата.
Во воведниот натпревар од вториот ден на меѓународниот ракометен турнир во Струга, Констанца ремизираше со Иври играјќи 21-21.
Вториот францускиот преставник Версај со 31-25 триумфираше против домаќин Струга и ги прокнижи првите бодови.
Третиот ден на турнирот ќе даде финална разврска во групите, а ќе се сретнат Вардар – Иври, Металург – Версај, Струга – Брест Мешков.
фото „Емилио“
Мх.П.