Охридските ракометарки во драматичен финиш успеаја да ја совладаат екипата на Пелистер со минимални 20-19 (11-7) во првата рунда од пролетниот дел од сезоната во Првата лига.
Охриѓанки од средината на првиот дел па се до крајот од мечот го контролираа резултатот, но самите дозволија да влезат во неизвесен финиш.
Среќата, а и искуството им го донесе првиот триумф во пролетната полусезона вкупно десетти во Првата жанска ракометна лига што ги прави неприкосновени лидери на табелата.
Мх.П.